ДЗР

ДЗР: Во ФЗОМ недоволна усогласеност на апликациите

28.03.2023 12:56

Со ревизијата било опфатено и спроведувањето на препораките дадени во конечниот извештај за 2020 година, и било констатирано дека од вкупно осумнаесет препораки, само една е спроведена, додека спроведувањето на три препораки е во тек, а три препораки имаат статус на делумно спроведени. Единаесет препораки воопшто не биле спроведени, објавува ДЗР...

Државниот завод за ревизија по извршениот надзор во Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, јавно објавува дека изразиле мислење со резерва во однос на вистинитото и објективното прикажување на финансиските извештаи и за усогласеноста на активностите и финансиските трансакции со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставените политики.

Со ревизијата било опфатено и спроведувањето на препораките дадени во конечниот извештај за 2020 година, и било констатирано дека од вкупно осумнаесет препораки, само една е спроведена, додека спроведувањето на три препораки е во тек, а три препораки имаат статус на делумно спроведени. Единаесет препораки воопшто не биле спроведени, објавува ДЗР.

Постојат слабости при спроведувањето и реализацијата на дел од постапките за јавни набавки. За констатираните состојби ревизијата даде препораки со цел да се надминат утврдените состојби во наредниот период, наведува Државниот завод за ревизија.