Образование

УГД отвори Правна клиника во Штип

28.03.2023 12:58

Студенти од трета и четврта година на правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ заедно со професорите ќе пружаат бесплатна правна помош на сите граѓани. Правната клиника е рецепт за пристапност на правото и правдата до сите граѓани, а за студентите значи практикување на знаењето...

Бесплатна правна помош за граѓаните и пракса за студентите од втора и трета година на правниот факултет на УГД нуди правната клиника лоцирана во тренинг центарот на универзитетот. Пристап до услугите имаат сите граѓани

Студентите ќе работат во тимови, под менторство на професорите.

Правните клиники постојат во многу земји со цел да го приближат правото и правдата до граѓаните

„Клиниките како оваа се многу значајни за луѓето да имаат пристап до судовите и правото, посебно за оние кои не можат да си го овозможат тоа. Ова е голема придобивка за граѓаните“, изјави Џон Имс меѓународен консултант на Совет на Европа.

Освен во Штип, правни клиники има и во Скопје, Битола и Тетово, каде што има правни факултети.

 

 

Славица Величковска