Македонија

Отворено писмо од Жан Митрев до претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски

28.03.2023 13:06

Жан Митрев со отворено писмо до претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски. Пишува дека не очекувал да добие награда сторија каде вината не е докажана и каде очигледно, како што вели, со ваквите постапки е осуден и пред да заврши судењето...

Жан Митрев со отворено писмо до претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски. Пишува дека не очекувал да добие награда сторија каде вината не е докажана и каде очигледно, како што вели, со ваквите постапки е осуден и пред да заврши судењето.

Јас како човек сум сигурен во една работа, дека немам вина во целиот инсцениран случај и затоа се борам да ја докажам вистината и се обратив и на вас лично да ми помогнете во таа борба, наведува Митрев.

Според него јавноста има право да ги знае двете страни од приказната. „го поддржувам истражувачкото новинарство и се надевам дека ЗНМ ќе успее да ги одржи високите стандарди на известување во медиумите“ – пишува Митрев во писмото до Чадиковски.