Битола
Најавен протест за смртта на Јана
28.03.2023 13:17
Семејството, роднините и пријателите на малата Јана од битолско Кравари, која почина минатата недела во битолската болница, утре ќе излезат на протест под мотото „Правда за Јана“, „Сите сме Јана“...

Семејството, роднините и пријателите на малата Јана од битолско Кравари, која почина минатата недела во битолската болница, утре ќе излезат на протест под мотото „Правда за Јана“, „Сите сме Јана“.
Целта е вниманието да се насочи на состојбите во македонското здравство, вината да не се насочува кон родителите, туку одговорноста да се бара на вистинското место.
Сè уште не се готови резултатите од обдукцијата којашто треба да ја утврди вистинската причина за смртта.
