Влада

Ковачевски: Најавено намалување на цените на овошјето, зеленчукот и хигиенските производи

28.03.2023 13:25

Премиерот истакна дека Владата на Република Северна Македонија носи одлуки кои го штитат семејниот буџет. Тој потенцира дека мерките за замрзнување на цената на јајцата од кокошка, како и оризот, а пред тоа, на млечните производи, тестенините и лебот, се носат во насока да се помогне на граѓаните. Премиерот појасни дека мерките се во насока на заштита на домашниот пазар и побара разбирање од компаниите...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска, заедно со министерот за економија, Крешник Бектеши и директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски беше во посета на еден од маркетите во Скопје. Посетата е со цел да се провери фактичката состојба со снабденоста и цените на основните прехранбени продукти, меѓу кои јајцата од кокошка и оризот, за коишто Владата на Република Северна Македонија донесе одлука за замрзнување на цените, како и проверка на снабденоста и цената на брашното.

Премиерот истакна дека Владата на Република Северна Македонија носи одлуки кои го штитат семејниот буџет. Тој потенцира дека мерките за замрзнување на цената на јајцата од кокошка, како и оризот, а пред тоа, на млечните производи, тестенините и лебот, се носат во насока да се помогне на граѓаните. Премиерот појасни дека мерките се во насока на заштита на домашниот пазар и побара разбирање од компаниите.

Министерот за економија, Крешник Бектеши најави можност за понатамошни намалувања на цените на производите. Тој додаде дека се прават анализи за увозните цени на трговците и согласно наодите, ќе се носат одлуки за натамошно замрзнување на цените.

Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски изјави дека сите инспектори се на терен и дека кај дел од правните субјекти се констатирани прекршоци, за што се водат постапки. Тој апелираше до трговците да ги намалат цените и на другите производи, доколку се во можност.