Образование

Сојузот на средношколци го прифати компромисот понуден од МОН

28.03.2023 13:35

Генералното собрание на Сојузот на средношколци на вонредна седница го прифатил компромисот понуден од Министерството за образование и наука во врска со нивните барања за државната матура...

Генералното собрание на Сојузот на средношколци на вонредна седница го прифатил компромисот понуден од Министерството за образование и наука во врска со нивните барања за државната матура.

Дополнително олеснување на полагањето државна матура. Намален обемот по предметот мајчин јазик.

Препорака до сите универзитети во земјава да го променат коефициентот за упис и соодносот на поените што ги носат екстерните и интерните испити. Средношколците и МОН се договорија за три од четирите барања.