правда

Лога: Не смееме да дозволиме да се изгуби довербата во правосудството

28.03.2023 14:03

Министерот за правда Кренар Лога во своето обраќање на Конференцијата, Подобрување на ефикасноста, транспарентноста и отчетноста на јавното обвинителство“ рече дека без видливост на работата и постигнатите резултати, без мерливи и квалитетни споредбени податоци кои се собираат и обработуваат, исто како во земјите членки на Советот на Европа и Европската унија, правдата ќе остане слепа и нема, а граѓаните нема да ја добијат уставно загарантираната заштита...

Време е да се врати довербата во правосудството а јавните обвинители при спроведувањето на постапките и носењето на одлуките да постапуваат самостојно и независно.

Министерот за правда Кренар Лога во своето обраќање на Конференцијата, Подобрување на ефикасноста, транспарентноста и отчетноста на јавното обвинителство“ рече дека без видливост на работата и постигнатите резултати, без мерливи и квалитетни споредбени податоци кои се собираат и обработуваат, исто како во земјите членки на Советот на Европа и Европската унија, правдата ќе остане слепа и нема, а граѓаните нема да ја добијат уставно загарантираната заштита.

Министерот за правда Кренар Лога информираше дека од 1 јануари годинава, Министерството за правда даде насоки задолжително да се применува системот за управување со предмети во јавните обвинителства. Тоа ќе претставува алатка во извршувањето на основните задачи на Јавните обвинителства со која ќе се обезбеди чување на информации, следење и архивирање на предметите како и увид во нив во секој момент. Со него се обезбедува непрекинат проток на податоци а основната цел е автоматизирање на процесите преку дигитализација и чување на документацијата обезбедувајќи висок степен на безбедност.