Македонија

Комеморација во Драмски театар за Димче Мешковки

28.03.2023 14:16

Комеморација во Драмскиот театар за доајенот на македонското глумиште Димче Мешковски кој почина на 20-ти март во неговиот дом во Лос Анџелес...

Доајенот на македонското глумиште, Димче Мешковски, беше вработен во Драмски театар Скопје од 1967-ма година до неговото пензионирање во 2002-ра година. Во творечката биографија на Мешковски се забележани над 100 одиграни улоги со над 6.000 изведби. Широкиот дијапазон и талент на Мешковски, го позиционираше како актер што дал немерлив придонес играјќи повеќе театарски жанрови. Значителни се ролјите во претставите: „Смртта на Дантон“, „Балконот“, „Вишновата градина“, „Јане Задрогаз“, „Чернодрински се враќа дома“, „Зојкиниот стан“, „Калигула“, „Ревизор“, „Диво Месо“.

Наклонетоста кон комедијата му донесе голема популарност преку толкување на ликовите во претставите: „Сомнително лице“, „Солунски патрдии“, „Викенд на мртовци“, „Болва во уво“, „Маратонците го трчаат почесниот круг“. За улогата на Тасе во „Викенд на мртовци“, Бесценет е ангажманот од неколку стотици ролји во радио-драми, забавните и хумористични емисии меѓу кои „Хихирику“ на Иван Карадак, како и телевизиските серии и емисиите за деца: „Да видам, да видам што да бидам“, „Тринаесеттиот клуч“, „Семафорот“, „Бајки“, „Училиште за кловнови“, „Големи и мали“, „Наши години“, „Пат кон иднината“, „Илинден“, „Смилевски конгрес“, „Прличев“.

Мешковски сними и голем број народни приказни. Добитник е на „Наградата за животно дело“ што ја доделува реномираниот македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

Александра Спировска