Тенис – Дејвис куп

Македонија убедлива против Албанија!

08.05.2014 17:17

Само победа ја дели македонската тениска репрезентација од враќањето во Втората евроафриканска зона на Дејвис купот. Нашите тенисери беа убедливи во завршниот дуел од фазата по групи на турнирот во унгарски Деберцин и за првото место ја совладаа Албанија со 3:0.

Шендрит Деари со 6:2 и 6:1 беше подобар од Арбер Сулстарова, Димитар Грабул загуби само гем во мечот со Генјад Шипеја, додека тандемот Томислав Јотовски – Бојан Јанкуловски на Шипеја и на Пелуши им препушти само два гема.

Во клучниот бараж дуел, Македонија утре ќе игра протв Турција којашто го освои првото место во групата Д.