Кошарка

Доделени награди на победниците на градската средношколска лига во екипни спортови

28.03.2023 21:06

На завршниот финален натпревар во средношколска кошарка помеѓу екипите на СУГС „Никола Карев“ и СУГС „Јосип Броз Тито“, што се одигра во СЦ Борис Трајковски, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, ги додели наградата и пехарот на победничката екипа на средното училиште на Град Скопје „Никола Карев“...

Денеска, на завршниот финален натпревар во средношколска кошарка помеѓу екипите на СУГС „Никола Карев“ и СУГС „Јосип Броз Тито“, што се одигра во СЦ Борис Трајковски, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, ги додели наградата и пехарот на победничката екипа на средното училиште на Град Скопје „Никола Карев“.

„Со особено задоволство сме денеска тука за да ги поддржиме учениците кои се дел од средноучилишните лиги во екипни спортови. За учениците секое учество во овие натпревари е поттик да се дружат, да спортуваат и да бидат успешни спортски примери. Во текот на оваа учебна година во системот на натпревари на средните училишта во Скопје во екипните спортови учествуваа 124 екипи од 29 градски, државни и приватни средни училишта од Скопје, а се одиграа над 236 натпревари на кои настапуваа преку 2000 ученици“, истакна градоначалничката Арсовска.

Во завршните натпревари на препознатливите градски полуфинални и финални натпревари, кои во текот на месец март се одиграа Скопје, се издвоија најдобрите екипи во средноучилишните лиги за учебната 2022/2023 година во екипните спортови футсал, ракомет, кошарка и одбојка, во машка и во женска конкуренција.