Романија

Снежна бура и ниски температури во Романија

28.03.2023 22:53

Во некои од областите, снежната бура создаде вистински хаос. снегот ги изненади возачите, а службите ги предупредија туристите да не планинарат поради можноста од лавини...

Студеното време во регионот предизвика снежни врнежи во Централна и во Северна Романија, каде што температурата падна под нула целзиусови степени. Во некои од областите, снежната бура создаде вистински хаос. Снегот ги изненади возачите, а службите ги предупредија туристите да не планинарат поради можноста од лавини.

Во местото Балеа Лак, снегот достигна и до два метри, додека температурата се спушти до - 25 степени.