Португалија

Две жртви во напад со нож во Лисабон

28.03.2023 23:07

Две жени се убиени и четири ранети во напад со нож во центарот на Исмаили заедницата во Лисабон, Португалија...

Две жени се убиени и четири ранети во напад со нож во центарот на Исмаили заедницата во Лисабон, Португалија.

Маж, најверојатно авганистанец, ги нападнал во шиитскиот центар во португалскиот главен град, двете жртви биле вработени во центарот и се португалки, додека еден од повредените е учител во теолошкото училиште.

Напаѓачот е префрлен во болница поради полициските повреди при неговото апсење. Исмаили заедницата во Португалија, е една од најголемите во Европа, многумина се мигранти од Мозамбик поради тамошната граѓанска војна.