Фудбал – ФИФА ранкинг

Македонија и натаму 80-та!

08.05.2014 17:22

Фудбалската репрезентација на Македонија месецов ја очекуваат два контролни меча со Камерун и со Катар и до нив ќе остане на 80-то место на ранг листата на ФИФА. И натаму прва во светскиот фудбалски поредок е Шпанија којашто е дел од нашата квалификациска група за Европското првенство. Другите противници пак, Украина е 17-та, Словачка 46-та, Белорусија 83-та и Луксембург 112-ти.

На врвот за „црвената фурија“ се Германија, и Португалија, додека на четвртото место напредуваше домаќинот на Светското првенство, Бразил. Топ 10 друштвото е составено само од репрезентации коишто ќе играат на Мундијалот и во него уште влегуваат и Колумбија, Уругвај, Аргентина, Швајцарија, Италија и Грција.