Украина

Зеленски во посета на северниот дел од земјата

29.03.2023 09:32

Украинскиот претседател Зеленски го посети северниот дел на земјата во Сумската област. Русија на вежби со ракетниот комплекс ЈАРС...

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, го посети северниот дел на земјата во Сумската област. Во меѓувреме, упати покана до кинескиот претседател Џинпинг да дојде во Украина, откако минатата недела беше во посета на Москва.

Разговорите не резултираа со решение за крај на војната. Пекинг поддржува деескалација и прекин на огнот. Киев го поздрави дипломатскиот ангажман на Кина, но Зеленски рече дека ќе ги разгледа мировните решенија само, откако руските трупи ќе ја напуштат украинската територија.

Меѓународната агенција за атомска енергија, смета дека е загрижувачка ситуацијата во нуклеарната електрана на Запорожје.

Во Русија почнаа вежбите на стратешките ракетни сили со комплексите „Јарс“. Учествуваат над три илјади воени лица и вклучени се околу 300 парчиња опрема во три региони. Интерконтиненталната балистичка ракета може да носи четири независно насочени нуклеарни боеви глави MIRV.