Кина: Ќе возвратиме ако се сретнат Меккарти и тајванската претседателка
Тајванската претседателка Цаи е на турнеја низ САД и неколку земји од Централна Америка. Кина ги третира директните контакти меѓу Вашингтон и Тајпеј како нарушување на суверенитетот и територијалниот интегритет...

Кина предупреди дека потенцијалниот состанок на претседателот на американскиот Претставнички дом, Меккарти, со лидерката на Тајван, Цаи Инг-вен, би бил уште една провокација на која Пекинг ќе возврати.
Цаи е на турнеја низ САД и неколку земји од Централна Америка.
Кина ги третира директните контакти меѓу Вашингтон и Тајпеј како нарушување на суверенитетот и територијалниот интегритет. По посетата во август на тогашната лидерка на Претставничкиот дом Пелоси, Пекинг почна масовни воени вежби околу островот што го смета за своја територија.
