САД-Русија

Вашингтон и Москва престанаа да разменуваат информации за нуклеарното оружје

29.03.2023 09:47

Официјални лица во Белата куќа, Пентагон и Стејт департментот рекоа дека САД ѝ ги понудиле тие информации на Русија, но Москва го известила Вашингтон дека нема да му ги даде информациите...

САД и Русија престанаа да споделуваат информации за нуклеарното оружје, откако пропадна договорот „Нов СТАРТ“ за ограничување на нуклеарниот арсенал.

Официјални лица во Белата куќа, Пентагон и Стејт департментот, рекоа дека САД ѝ ги понудиле тие информации на Русија, дури и откако претседателот Владимир Путин минатиот месец ја повлече Русија од договорот, но Москва го известила Вашингтон дека нема да му ги даде информациите.

Во февруари Русија официјално го суспендираше своето учество во договорот.