Свет

Зачестени дојави за бомби пред изборите во Бугарија

29.03.2023 10:02

Обвинителите во бугарската метропола започнале истрага за криминални дела против републиката...

Десетици училишта и бизнис универзитет во Софија беа затворени поради закани за бомби, само пет дена пред одржувањето на парламентарните избори во земјата.

Обвинителите во бугарската метропола започнале истрага за криминални дела против републиката. Во полициската истрага не се пронајдени експлозивни направи во училиштата кои од понеделникот добиваат закани по електронска пошта или телефонски.

Бугарија бара помош од Европа и САД, за помош во следењето на е-поштата бидејќи многу избирачки места на изборите во недела ќе бидат лоцирани во училиштата низ државата.