Култура

Изложбата „Минливост“ на Тони Попов отворена во КИЦ

29.03.2023 10:38

„Минливост“ е серијал кој го сочинуваат околу 40 фигуративни слики во различни формати работени во текот на 2021 и 2022 година во акрилна или маслена техника.

Синоќа во Културно-информативниот центар-Скопје, во Салон Империјал 2, беше отворена изложбата „Минливост“ од Тони Попов.

„Минливост“ е серијал кој го сочинуваат околу 40 фигуративни слики во различни формати работени во текот на 2021 и 2022 година во акрилна или маслена техника.

Уметникот Тони Попов од 2011 година професионално се занимава со сликарство и до сега има реализирано седум самостојни изложби, а е учесник и на повеќе групни изложби во земјава и во странство. Како уметник, бил на резидентен престој во Белгија, Данска и Норвешка, а негови слики до сега се продадени во седумнаесет земји во светот.

Инаку, Тони Попов е уметник кој твори во повеќе медиуми. Повремено пишува сценарија за краток филм, раскази и поезија. Потпишува две збирки поезија „Моето парче небо“ од 2008 и „Светот е жеден за збор“ од 2015 година. Негови песни и раскази се објавени во списанијата „Разгледи“, „Современост“, „Мантис“ и друго.

Изложбата ќе биде отворена до 13 април.