СЗО ги промени препораките за вакцини против Ковид-19
Според СЗО, постарите луѓе се изложени на висок ризик, како и помладите луѓе кои имаат други значајни фактори на ризик. За нив, организацијата препорачува дополнителна доза шест или 12 месеци по последната доза...

Светската здравствена организација (СЗО) ги промени препораките за вакцини против Ковид-19, сугерирајќи дека високоризичните популации треба да добијат дополнителна доза 12 месеци по последниот бустер.
Според СЗО, постарите луѓе се изложени на висок ризик, како и помладите луѓе кои имаат други значајни фактори на ризик. За нив, организацијата препорачува дополнителна доза шест или 12 месеци по последната доза.
СЗО ги идентификуваше здравите деца и млади луѓе како група од „низок приоритет“ и ги повика земјите да разгледаат фактори како што е оптоварувањето со болести пред да препорачаат вакцинација за луѓето од оваа категорија. Според организацијата, рутински не се препорачуваат дополнителни дози за засилување по почетната серија од две дози и бустер за луѓе со „умерен ризик“.
