Пендаровски-Белен: Да не се губи дополнително време со уставните измени
Во вилата Водно, претседателот Пендаровски на средба со неговиот австриски колега Белен. Беше пречекан со највисоки државни и воени почести. Да не се дозволи да се изгуби дополнително време со уставните измени-порака од австрискиот претседател. Ако не ги донесеме уставните измени, сами ќе се блокираме, смета Пендаровски…
Во вилата „Водно“, средба Пендаровски-Белен. Искористете го моментот и зголемениот интерес на ЕУ. Да не се дозволи да се изгуби дополнително време со уставните измени-порака од австрискиот претседател.
„Јас имам огромно разбирање за фрустрацијата која е присутна во однос на преговорите со Унијата. Токму затоа е важно, овој момент, ова ново забрзување, зајакнатиот интерес на ЕУ, да се искористи и да не се изгуби дополнително време. Се надевам дека овој следен чекор треба да се реализира. Австрија и понатаму, во секој случај, ќе остане сигурен партнер на Северна Македонија“, изјави претседателот на Австрија, Александер ван дер Белен.
Ако не ги донесеме уставните измени, сами ќе се блокираме, смета Пендаровски. Претседателот на државата со порака дека за да се достигне потребното двотретинско мнозинство во Собранието за уставни измени е потребно да се разговара со опозицијата.
„Не постои друг пристап освен разговори“, нагласи Пендаровски.
Од Вила „Водно“ известува Ирина Гелевска
