Свет
Владината коалиција во Германија оствари „пробив“ во споровите
29.03.2023 14:01
По тридневни преговори со контроверзни дискусии, партиите од германската владина коалиција се договорија за многу спорни точки...

По тридневни преговори со контроверзни дискусии, партиите од германската владина коалиција се договорија за многу спорни точки. Дел од нив се заштитата на климата, железничката мрежа и автопатиштата. Задоволни и партиските лидери на СПД, бидејќи според нив, многу работи во земјата ќе се одвиваат побрзо.
Според наводите, Германија треба да се модернизира, инфраструктурните проекти да напредуваат побрзо, обновливите енергии да се прошират побрзо.
