Справување со загадувањето на воздухот
Со меѓународна поддршка во следниве три години ќе се реализираат проекти за справување со аерозагадувањето. Целта е да им се помогне на неколку општини да ги утврдат изворите на загадување и да изнајдат соодветни мерки за решавање на проблемот. Финансиска поддршка ќе добијат Кавадарци, Гостивар, Куманово, Струмица и Струга...

Пет пилот општини во земјава ќе бидат поддржани во откривањето на загадувањето, мерењето на изворите и решавање на проблемот од УНДП, Шведската агенција за меѓународна соработка и Националната стратегија за одржлив развој.
„Зголемувањето на активностите за справување со загадувањето на воздухот и градењето на капацитетите ќе биде спроведено во соработка со Министерството за животна средина и локална самоуправа во пет општини: Кавадарци, Куманово, Струмица, Струга и Гостивар“, изјави Грегоријан Армен, постојан претставник на УНДП во Македонија.
Една од најслабите алки во развојот на општините барем делумно ќе се пополни – вели министерот за локална самоуправа Пенов. Апелира општините да аплицираат со проекти кои ќе разрешуваат регионални а не микро проблеми.
Програмската рамка е воведена како резултат на претходни позитивни искуства од спроведувањето на проектите: Справување со загадувањето на воздухот во Град Скопје и Градење на општинските капацитети за спроведување на проекти во периодот реализирани изминативе три години.
Александра Велинова
