Кошарка

Перо Антиќ реизбран за претседател на Кошаркарска Федерација на Македонија

29.03.2023 17:17

Првиот човек на Федерацијата останува лидер на проектот кој го започна пред четири години, па сега ќе раководи најмалку уште толку, а самиот Антиќ на воведното обраќање посочи дека прва цел ќе биде да го осигури спонзорот кој значително ќе им ја олесни работата на прволигашите...

Ова попладне Перо Антиќ беше избран за старо-нов претседател на македонската кошаркарска Федерација, откако доби доверба од 40 делегати кои беа дел од изборното годишно Собрание. Откако ја доби довербата, претседателот Антиќ потенцираше дека во новиот мандат целта е да се работи подобро од претходниот и да се задржи подемот на мак-баскетот кој е присутен, посебно кај сениорскиот тим.

Првиот човек на Федерацијата останува лидер на проектот кој го започна пред четири години, па сега ќе раководи најмалку уште толку, а самиот Антиќ на воведното обраќање посочи дека прва цел ќе биде да го осигури спонзорот кој значително ќе им ја олесни работата на прволигашите.

Сениорскиот тим го чека настап во квалификациите за Летните Олимписки Игри, а потоа и квалификации за евробаскетот во 2025 година.