МВР
Претрес во кумановско, пронајдена дрога
29.03.2023 20:51
Полициски службеници од отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово го лишиле од слобода С.Ш.(24) од село Романовце...

Денеска полициски службеници од отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово го лишиле од слобода С.Ш.(24) од село Романовце, кумановско.
При претрес во неговиот дом извршен со судска наредба биле пронајдени и одземени 12 опаковки марихуана. С.Ш. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
