Заслужени казни за Работнички и Куманово, но во многу лош момент за нив

08.05.2014 19:05

Дарко Соколов ќе паузира на три меча, Работнички ќе плати 80.000 денари за тепачката против Куманово во Градски Парк. Гостите се казнети со еден натпревар без Урош Николиќ и со 40.000 денари парична казна.
 
Работнички и Куманово ќе бидат ослабени на последните два дуела од Супер лигата, во ситуација кога се борат за место во плеј офот. Скопската екипа е на третата позиција со по 4 победи и порази, а Куманово на 5-та со 3 победи и 5 порази.
 
До крајот пред елиминациите, Работнички игра на гости кај Лирија и дома со Кожув. Куманово ќе се пресмета со Кожув дома и на гости со Струмица. На табелата води МЗТ со максимални 8 победи, пред Кожув со 5/3. Лирија има 4/4, Струмица има 0/8.