Мирен протест за Јана од Битола
Блиски роднини, пријатели на семејството Христовски и револтирани граѓани, вечерва масовно дојдоа на мирниот протест на плоштадот Магнолија, кој се одржа под мотото „Правда за Јана, сите сме Јана“. Од протестот беше побарана да се спроведе правична истрага, за тоа што е причината за прераната смрт на шестгодишната Јана по примената инфузија на детското одделение при битолската Клиничка болница...

Со болните искажувања преку аудиоснимка на родителите на починатото шестгодишно девојче, Јана Христовска, започна масовниот мирен протест на плоштадот Магнолија. Со низа испишани транспаренти и пораки поддршка дадоа најблиските роднини и пријатели на семејството Христовски, како и револтирани граѓани. Со слични емоции и ставови и граѓаните на Скопје, кој во исто време мирно протестираа пред Министерството за здравство.
Ние не можеме да ја вратиме нашата Јана, но сакаме колку што е можно повеќе да дадеме свој апел за итно решавање на аномалиите во македонството здравство, за утре и некои други дечиња не ја доживеат истата судбина, порачаа поништените родители преку кумот Игор Петковски. По извештајот на ДЗС во кој не е констатирана лекарска грешка велат дека тоа за нив не е релевантен доказ.
Дека ќе се носат одлуки откако ќе се обработат сите податоци, денеска ветија и највисоките функционери на државните органи.
Стевче Митревски
