Временска прогноза
Студено со сончеви периоди
30.03.2023 08:11
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени...

Времето наутро ќе биде студено, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен претежно западен ветер, поизразен во западните делови. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 17 степени.
