Националните архиви од поранешна СФРЈ на состанок во Скопје
Скопје денеска е домаќин на состанок на директорите на националните архиви од државите сукцесори од поранешна СФРЈ овластени од своите влади за спроведување на Анекс Д од Спогодбата за сукцесија, која се однесува на заедничкото архивско наследство од поранешна СФРЈ...

Скопје денеска е домаќин на состанок на директорите на националните архиви од државите сукцесори од поранешна СФРЈ овластени од своите влади за спроведување на Анекс Д од Спогодбата за сукцесија, која се однесува на заедничкото архивско наследство од поранешна СФРЈ.
На состанокот, меѓу другото, ќе се анализираат досегашните резултати и можностите за дигитализација на нашето заедничко архивско наследство, како и наоѓање можности за финансирање заеднички проект за дигитализација.
Директорот на Државниот архив, Емил Крстески, е именуван од Владата на Република Северна Македонија за овластен претставник во Заедничкиот комитет за сукцесија за архивите, а притоа воедно е домаќин на настанот. На состанокот ќе присуствува претставник на Министерството за надворешни работи.
