Седница на Државна комисија за спречување корупција
Денеска преку платформата „Зум“ Државната комисија за спречување на корупцијата, ќе ја одржи 83-та седница…

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска преку платформата „Зум“ ќе ја одржи 83-та седница. На дневен ред се Годишниот извештај за работа на Државната комисија за спречување на корупцијата за 2022 година и Годишниот извештај за спроведување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025, за период 01.01.2022 година до 31.12.2022 година.
На дневен ред е и Правилникот за формата и содржината на образецот на изјавата за имотна состојба и интереси и за пријавување промена во имотната состојба и интереси. Членовите на ДКСК ќе информираат и за постапување по конкретни предмети, соопштија од ДКСК.
