Скопје

Делови од Карпош, Ѓорче Петров, Илинден и Сарај денеска без струја

30.03.2023 09:09

Без електрична енергија денеска од 11:00 до 14:00 часот ќе бидат дел од корисниците лоцирани на улицата „Прашка“ од бр. 54 до бр. 70 и дел од улицата „Букурешка“ од бр. 110 до бр. 140 во општина Карпош...

Без електрична енергија денеска од 11:00 до 14:00 часот ќе бидат дел од корисниците лоцирани на улицата „Прашка“ од бр. 54 до бр. 70 и дел од улицата „Букурешка“ од бр. 110 до бр. 140 во општина Карпош.

Во периодот од 9:00 до 11:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Париска“ без број спроти ГОБ „8 Септември“ и Клиниката „Жан Митрев“ во општина Карпош.

Без струја од 8:00 до 12:00 часот ќе бидат жителите од улицата „532“ во населбата Марино и фирмите Агриматко, Пламтекс, Метромедикал и Димима во општина Илинден.

Во периодот од 12:00 до 14:30 часот без струја ќе бидат дел од жителите од село Кучевиште, а од 9:00 до 15:30 часот корисниците од селата Семениште, Чајлане, Раовиќ, Буковиќ и Ласкарци.

Како што соопшти РЦУК-Скопје, прекините се поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа.