Познати идеалните петорки на Евролигата
08.05.2014 19:15
Анте Томиќ од Барселона, Серхио Родригез заедно со соиграчот Руди Фернандез од Реал Мадрид, Сони Вимс од ЦСКА Москва и Кит Ленгфорд од Емпорио Армани се избрани во првата петорка.

Анте Томиќ од Барселона, Серхио Родригез заедно со соиграчот Руди Фернандез од Реал Мадрид, Сони Вимс од ЦСКА Москва и Кит Ленгфорд од Емпорио Армани се избрани во првата петорка.
Втората ја сочинуваат Василис Спанулис од Олимпијкос, Никола Миротиќ од Реал Мадрид, Виктор Кријапа од ЦСКА Москва, Стефан Лазме од Панатинаикос и Рики Хикман од Макаби.
Последните натпревари сезонава ќе се одиграат од 16 до 18 мај во Милано, во полуфиналето на фајнал фор турнирот се соочуваат ЦСКА Москва и Макаби, односно Реал Мадрид и Барселона.
