Македонија

Денеска протест на здравствените работници

30.03.2023 09:25

Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита денеска, во 12 часот, пред Министерството за здравство ќе го искаже незадоволството на медицинските лица поради тоа што не е потпишан анекс со кој ќе се овозможи да им се покачени платите...

Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита денеска, во 12 часот, пред Министерството за здравство ќе го искаже незадоволството на медицинските лица поради тоа што не е потпишан анекс со кој ќе се овозможи да им се покачени платите.

Во анексот се бара корекција на коефициентите на вработените во здравството со различни износи, со кој се предвидува зголемување на месечните примања по 2.000 за лекарите до 3.000 денари за сестрите и другиот среден кадар, кои со покачувањето на минималната плата се изедначија со хигиеничарите.