„Пејзажно искуство“ од 59. Венециско биенале 2022 во Чифте амам
Изложбата ќе ја отворат министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и директорката на Националната галерија и комесар на проектот Дита Старова Ќерими. Куратори на изложбата се Ана Франговска и Сања Којиќ-Младенов...

Мултимедијалниот проект „Пејзажно искуство“ на уметниците Роберт Јанкулоски и Моника Матеска од 59 Венециско биенале 2022 вечерва ќе биде поставен во објектот Чифте амам. Изложбата ќе ја отворат министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и директорката на Националната галерија и комесар на проектот Дита Старова Ќерими. Куратори на изложбата се Ана Франговска и Сања Којиќ-Младенов.
Проектот се занимава со причините и апсурдите на човековата егзистенција, со убавото и грдото, со кризата на духот, како и со доминацијата на капиталот, колонијалните политики, влијанието на технологијата врз рамнотежата на човекот.
Проектот ќе биде поставен во Чифте амам до 30 април 2023 година.
