Двоцифрен пораз на фудбалските дами!
Женската фудбалска репрезентација на Македонија служи само за пополнување на групата 2 во квалификациите за Светското првенство и за подобрување на гол разликата на другите репрезентации.
Нашите фудбалски дами го загубија и шестиот натпревар и тоа по третпат со двоцифрена негатива. Во Скопје, Италија славеше со 11:0, но остана на второто место со 13 бода, шест помалку, но и меч за доигрување во однос на лидерот Шпанија.

Селекцијата на Македонија којашто против Италија играше без најдобарата фудбалерка Наташа Андонова претходно од Шпанија беше поразена со 10:0 дома и со 12:0 на гости. Нашата селекција е последна во групата со само два постигнати и со дури 47 примени погодоци откако во другите домапни дуели загуби и од Романија со 9:1, во пресметката со Чешка со 3:1 и против Естонија со 2:0.
До крајот на кцвалификациите, Македонија сите четири меча ќе ги одигра на гостински терен и тоа по следниов распоред, Естонија, Чешка, Романија и Италија