МВР
Претрес во Кавадарци, пронајдена дрога, приведено едно лице
30.03.2023 11:01
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, се пронајдени и одземени едно пакување со марихуана и дигитална вага.

Полициски службеници од Полициската станица Кавадарци вчера го лишиле од слобода Д.А.(35) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, се пронајдени и одземени едно пакување со марихуана и дигитална вага.
Лицето е приведено во полициската станица во Кавадарци и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштуваат од МВР.
