Македонија

Нема да се преиспитува пресудата за „Јавна соба“ од Врховен суд, барањето е одбиено

30.03.2023 11:16

Основниот кривичен суд Скопје во март минатата година им изрече затворски казни од по четири години на Дарко Костовски и Михаил Паневски, креатори на групата „Јавна соба“ на социјалната мрежа Телеграм...

Советот за казниви дела при Врховниот суд на вчерашната седница ги одби како неосновани поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилната пресуда по предметот познат во јавноста како „Јавна соба“.

Советот за казниви дела при Врховниот суд донесе пресуда Квп2.бр.23/2023 со која барањата за вонредно преиспитување на правосилната пресуда на Основниот кривичен суд Скопје К.бр.1851/21 од 11.3.2022 година и пресудата на Апелациониот суд Скопје КЖ.бр.588/22 од 24.11.2022 година, ги одби како неосновани – се наведува во денешното соопштение од Врховниот суд.

Основниот кривичен суд Скопје во март минатата година им изрече затворски казни од по четири години на Дарко Костовски и Михаил Паневски, креатори на групата „Јавна соба“ на социјалната мрежа Телеграм. Тие се обвинети за производство и дистрибуција на детска порнографија.