Ватикан

Папата Франциск хоспитализиран поради респираторна инфекција

30.03.2023 11:29

Папата Франциск хоспитализиран во болница во Рим, имал потешкотии со дишењето изминатите денови. Од Ватикан соопштија дека станува збор за претходно закажани тестирања, нема детали за неговата здравствена состојба...

Папата Франциск е хоспитализиран во Рим поради респираторна инфекција. Осумдесет и шестгодишниот поглавар на Римокатоличката црква имал тешкотии со дишењето. Според анализите, не станува збор за зараза со Ковид-19. Медиумите потсетуваат дека додека бил млад му бил отстранет дел од белиот дроб. Папата Франциск страда и од хронична болка во коленото поради која заврши во инвалидска количка. Неговите активности се откажани до петок. Одложувањето предизвика низа прашања за неговото учество за време на Светата недела на Ватикан, кои почнуваат со прослави за празникот Цветници, со што ќе се означи почетокот на празнувањата на велигденските празници околу 9-ти април.

„Го сакам овој Папа, му се восхитувам, го сакав и Јован Павле втори, но овој повеќе. Мора да биде овде за јубилејот идната година. Пред малку зборувавме во автомобилот дека имал проблем со коленото. Сакаме да оздрави.“

Папата Франциск беше примен во болницата Џемели за прв пат во 2021 година. Потоа беше на операција, по што следуваше десетдневно лекување во клиниката. Пред него седумпати во истата болница бил примен Јован Павле Втори поради што многумина почнаа да ја нарекуваат болницата Џемели „третиот Ватикан“. Втората е папската резиденција во Кастел Гандолфо.

 

 

Маја С. Филдишев