Битолскиот универзитет профилираше насоки по чие завршување ретко има невработен дипломиран студент
По зголемената соработка со стопанството и странските инвеститори, битолскиот Универзитет веќе располага со студиски програми, кои овозможуваат речиси да нема невработен дипломиран студент. По потпишаната спогодба за соработка со Општината, од летово за месечен надоместок од 10.000 денари за практична работа во општинските служби и претпријатија, практична работа ќе имаат и 40 напредни студенти, чии студиски програми не се поврзани со стопанството...

Иако, веќе десет години демографските фактори му пркосат на квотите на новозапишани бруцоши, второформираната високонаучна институција во земјава излезот го наоѓа во профилирање на студиски програми, за кој современата економија има насушна потреба. Роботичари, АЈ-ТИ техничари, се само дел од кадрите каде ретко може да се најде дипломиран студент кој е невработен.
Ако досега, имавме само декларативни спогодби за соработка со стопанството, од идната академска година одиме тие да добијат на динамика, вели ректорот. Стручни лица од стопанството ќе изведуваат практична настава на факултетите и обратно, студентите ќе бидат дел од производството. Новина е и потпишаниот договор со Општината.
На прашањето, дали нашите универзитети се кадарни за подобрување на местата на европските рејтинг листи, ректорот Неделковски дециден, можеби еден ден кога инвестициите во науката нема да ни бидат минимални. Напоменува дека местата се добиваат по постигнувањата во науката, а не во образовен процес.
Стевче Митревски
