Одложена јавната седница за „Титаник 2“, гонењето на Мијалков застарува
Според информациите од Обвинителството, делото за Мијалков застарува на 7-ми април, а од одбраната коментираат дека веќе е застарено на крајот од март.

Одложена јавната седница во скопска Апелација за „Титаник 2“ за 13-ти април. Дотогаш застарува гонењето на Мијалков. На седницата на која требаше да се разгледуваат жалбите, не присудтвуваа сите обвинети и адвокати. Беше Мијалков кој е спроведен од затворот во Струга и Бедредин Ибраими кој рече дека не добил покана, дошол по допрен глас и бранители.
Останатите обвинети не биле уредно поканети.
Според информациите од Обвинителството, делото за Мијалков застарува на 7-ми април, а од одбраната коментираат дека веќе е застарено на крајот од март.
Во повторениот процес, Мијалков беше осуден на две години затвор. Други обвинети во случајот се пратеникот и претседател на ДПА, Мендух Тачи, поранешните членови на ДИК, Бедредин Ибраими, Сашо Срцев, Влатко Сајковски и Анета Стефановска.
Тие немаат можност да се спасат со застарување. Систе се со казна затвор од две години. Беа прогласени за виновни поради договарање да гласаат за поништување на резултатите од локалните избори 2013-та на неколку избирачки места.
