Здравство

Се договорија Синдикатите и Министерството за здравство

30.03.2023 14:29

Синдикатот и здравствените работници се договорија, од март по три илјади денари за сите сестри, по две за сите други вработени во здравството. Меџити вети потпис на колективниот договор …

Усна гаранција дека анексот на колективниот договор со кој се предвидува покачување на платите на здравствените работници – ќе биде потпишан во рок од 8 дена, по постапката во Министерството за финансии. – Ова е епилогот од двочасовниот состанок на гранковиот синдикат за здравство при ССМ и синдикатот на Клинички центар со заменик министерката за здравство Манолева. Лекарите 2.000, медицинските сестри и останатиот технички персонал 3.000 денари ќе добијат во мартовската плата.

Чекајќи ги заклучоците од средбата, здравствените работници сепак симболично го одржаа протестот пред ресорното министерство во пет до 12. Не се задоволни од подолготрајниот игнорантски однос на надлежните, но не очекуваат дека повторно ќе бидат изиграни. Освен за порамнување на платите на состанокот е разговарано и за корекција на коефициентот на платите на вработените. Претходно Синдикатите доставија ултиматум – анексот на колективниот договор да биде потпишан на 29-ти март.

 

 

Марина Стојанова Тонева