Македонија

Регионална конференција „Предизвици со кои се соочуваат жените на патот кон ЕУ“

30.03.2023 14:31

На регионална конференција „Предизвици со кои се соочуваат жените на патот кон ЕУ“ говорниците истакнаа дека треба да се работи на рамноправноста на жените со правна регулатива и меѓуинституционална соработка за да се подобрува животот на жените и девојчињата...

Жените поминуваат трипати повеќе време поврзани со активности во домаќинството од мажите, имаат многу помалку слободно време обременети со традиционалните улоги, кои се многу присутни кај речиси пола од нив, особено кај припадничките на малцинствата.

Економската зависност дополнително предизвикува дискриминација на жените. Статистички жените извршуваат 72 насто од неплатената работа, со грижа за домот, децата, возрасните лица и за оние на кои им е потребна поддршка, а вработените жени со високо образование заработуваат 22 проценти помалку од мажите, покажуваат истражувањата.

Родовата нееднаквост се шири низ интернет-просторот и добива во интензитет. Треба да се има соодветен однос кон еднаквоста, со прифаќање на различностите.

Во новиот Закон за работни односи има две измени, работа од дома и работа на далечина, што овозможува поголема флексибилност и стабилност кај жените.

Наташа Јанчиќ Менковски