Обвинителството чека резултати од обдукцијата за смртта на Јана
Продолжува истрагата за откривање на лицата што се закануваа со бомби министерот Спасовски вели има група, еден кластер за кој се преземаат низа истражни дејствија. А обвинителството работи на обезбедување на докази за смртта на шестгодишното девојче кое почина во битолската болница. Државниот јавен обвинител Јовески вели сè уште ги нема добиено резултатите од обдукцијата, но сослушани се неколку лица...

Фокусирани сме на обезбедување на сите докази и расветлување на случајот со починатото малолетно девојче во битолската болница, информира јавниот обвинител Јовески. Додава дека резултатите од обдукцијата сè уште не се добиени.
Во однос на лажните дојави за бомби, постои една група односно кластер за кој се преземаат низа истражни дејства повтори министерот Спасовски. По обезбедувањето на доказите следуваат кривичните пријави. Ова ќе виде петта пријава досега, рече министерот.
Спасовски и Јовески заедно со шефот на мисијата на ОБСЕ во Македонија потпишаа протоколот за соработка меѓу државното Обвинителство и МВР. Граѓаните вели Килијан Вал сметаат дека постапките се бавни, но тоа е лично мислење.
Лани, јавните обвинителства во Македонија примиле 20 илјади кривични пријави против исто толкав број полнолетни сторители на кривични дела и против илјада деца. Над 70 насто од пријавите се поднесени од Министерството за внатрешни работи, информираа надлежните.
Марија Котовска
