Апелација го одложи „Титаник 2“ за 13 април, делото на Мијалков застарува на 7 април
Скопска Апелација ја одложи јавната седница за „Титаник 2“ за 13-ти април поради неуредна достава на покани. Дотогаш застарува делото на обвинетиот Мијалков за примање награда за противзаконско влијание...

Во Апелација одложена јавната седница за „Титаник 2“. Се појавија само двајца обвинети-Мијалков и Ибраими. Причина за одлагањето неуредната покана до обвинетите. Седницата презакажа за 13-ти април. Делото за ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков за примање награда за противзаконито влијание застарува на 7-ми април. Одложено и рочиштето за „Таргет-Тврдина“ каде што исто така обвинет е Мијалков. Првата пресуда за „Титаник 2“ беше укината од Апелација во декември 2019 година. Од тогаш до јануари 2023 година предметот се судеше во Кривичниот суд. Судиите Огнен Ставрев и Осман Шабани одново ги прогласија обвинетите за виновни. На повтореното судење ексдиректорот на УБК, е осуден на казна затвор од две години. Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, исто така доби казна затвор од две години. За застарување на делото на Мијалков и Тачи реагираше Алтернатива на Африм Гаши со констатација дека постои екстремна корумпираност во судскиот систем.
„Се надеваме дека оваа одлука не е дел од преговорите за создавање мнозинство за уставни измени. Ако политичката корупција е алатка за евроинтеграциската агенда, тоа покажува дека европскиот сон на оваа земја е во залез“, стои во соопштението Алтернатива.
Минатата недела Апелацискиот суд донесе пресуда и за „Плацови на водно“, со која Сашо Мијалков беше ослободен од затвор и доби условна казна. Ексдиректорот на УБК е обвинет во вкупно 6 предмети.
Миле Ристески
