Свет

Екстремната десница го напушти австрискиот парламентот за време на говорот на Зеленски

30.03.2023 15:31

Поради неутралноста, Австрија не се вклучи повеќе во конфликтот, па и покрај тоа што дава политичка поддршка, сè уште не може да и испрати оружје на украинската армија. Претставници од редовите на проруската, екстремно десничарска Партија на слободата излегоа од Долниот дом на Парламентот за време на говорот на Зеленски...

Претседателот Зеленски за време на обраќањето во Долниот дом на Парламентот на Австрија се заблагодари за хуманитарната помош. Поради неутралноста, Австрија не се вклучи повеќе во конфликтот, па и покрај тоа што дава политичка поддршка, сè уште не може да и испрати оружје на украинската армија.

„Им благодарам на сите што им помогнаа на Украинците. Ова беше многу важен гест на поддршка кога вашиот канцеларг. Негамери федералната влада на Австрија понудија таква помош. Ние во Украина го цениме секој животНа 174.000 квадратни километри од украинската територија има мини. Тоа се проектили кои не експлодирале. Погодените области се двојно поголеми од АвстријаПоддршката на нашиот народ сега значи разбирање колку е важно да не се остане морално неутрален кон злото“изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Претставници од редовите на проруската, екстремно десничарска Партија на слободата излегоа од Долниот дом на Парламентот за време на говорот на Зеленски. Посочија дека тоа е чин на протест, бидејќи се нарушува неутралноста на Австрија.

Русија уапси новинар на „Волстрит журнал“ под обвинение за шпионажа. Тој наводно се обидувал да добие доверливи информации.

„Секако дека секојдневно ги следиме медиумите, затоа сме запознаени со неговите објави. Оние кои вршат нормална новинарска активност и имаат валидна акредитација, издадена од руското Министерство за надворешни работи, ќе продолжат да работат“, порача Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател Владимир Путин.

Доколку биде обвинет за шпионажа, новинарот би можел да добие затворска казна од 20 години.

Во меѓувреме, украинската војска продолжува да ги држи позициите на источниот фронт во и околу Бахмут каде што одбила 28 непријателски напади. Зеленски изјави дека доколку, падне Бахмут, Киев ќе мора да направи компромис со Москва.

 

Марина Ристова