Проширена истрага за сексуална злоупотреба на малолетничка
Полициски акции во Скопје, Велес и Тетово за сузбивање организиран и сериозен криминал, детска порнографија...

10 лица од Скопје, Велес и од Тетово се осомничени за сексуална злоупотреба и изготвување порнографски материјал.
Шестмина сториле кривично дело трговија со дете, две лица се товарат за сторено кривично дело полова злоупотреба на немоќно лице и две лица за кривично дело, производство и дистрибуција на детска порнографија.
Претходно во јануари годинава одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал, до Oсновното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднело кривична пријава против четири лица од Велес и едно лице од Тетово за сторено кривично дело „трговија со дете“. За овој вид криминал се предвидени затворски казни од најмалку 8 години.
За кривичното дело производство и дистрибуција на детска порнографија, казната е од три до пет години.
Ана Јосифовска Тодоровска
