САД
Два воени хеликоптера се урнаа над Кентаки
30.03.2023 16:44
Два американски воени хеликоптера „блек хок“, се урнаа за време на обука над државата Кентаки...

Два американски воени хеликоптера „блек хок“, се урнаа за време на обука над државата Кентаки.
Не е позната судбината на членовите на екипажот, не е познато ниту колку членови броел екипажот во хеликоптерите. Според гувернерот на Кентаки, најверојатно има жртви.
Локалните медиуми пак, наведуваат дека најверојатно, загинале девет лица, се истражува причината за падот на хеликоптерите.
