Филипини

Се запали траект, десетина се удавиле, 18 изгореле

30.03.2023 16:53

Властите сè уште не ја знаат причината за пожарот кој избил синоќа околу 23 часот по локално време...

Властите сè уште не ја знаат причината за пожарот кој избил синоќа околу 23 часот по локално време, кај островот Басилана, додека многу патници спиеле во климатизирани кабини на долната палуба на траектот.

Има противречни податоци за бројот на патниците на траектот, кој не бил преоптоварен. Крајбрежната стража објави дека се спасени 230 луѓе, вклучувајќи 35 члена на екипажот.