Претрес во Прилеп, пронајдена дрога
30.03.2023 18:47
Од страна на полициски службеници од СВР Битола извршен е претрес во дом кај В.И. во Прилеп, при што се пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага, бела грутчеста материја, четири шишиња со течност со темнозелена боја...

Денеска околу 10.30 часот, по претходно добиена судска наредба, од страна на полициски службеници од СВР Битола извршен е претрес во дом кај В.И. во Прилеп.
При што се пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага, бела грутчеста материја, четири шишиња со течност со темнозелена боја. В.И. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство.
