Македонија

Лога го потпиша решението за неусогласеност на името на Здружението„Цар Борис Трети“

30.03.2023 19:24

Министерството за правда постапува согласно со одредбите од Законот за здруженија и фондации, притоа земајќи го предвид и мислењето на комисијата за имиња на личности...

Mинистерот за правда, Лога, го потпиша решението за неусогласеност на името на Здружението „Цар Борис Трети“, Охрид.

Министерството за правда постапува согласно со одредбите од Законот за здруженија и фондации, притоа земајќи го предвид и мислењето на комисијата за имиња на личности. Решението ќе се достави до Централен регистар за натамошно постапување. 

Решението е потпишано врз основа на добиеното негативно мислење од Комисијата за употреба на имиња на личности.