Утре 10 садници ќе се засадат во Паркот на франкофонијата во Скопје
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, по повод одбележување на месецот на Франкофонијата, заедно со францускиот амбасадор, Сирил Бомгартнер и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, утре, 31 март 2023, ќе засади 10 садници во Паркот на франкофонијата во Скопје, со што и ќе се затвори месецот на Франкофонијата...

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, по повод одбележување на месецот на Франкофонијата, заедно со францускиот амбасадор, Сирил Бомгартнер и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, утре, 31 март 2023, ќе засади 10 садници во Паркот на франкофонијата во Скопје, со што и ќе се затвори месецот на Франкофонијата.
На настанот ќе земат учество и резидентните амбасадори на земјите членки на Организацијата на франкофонија, Албанија, Бугарија, Грција, Романија и Швајцарија, како и резидентните почесни конзули на земјите франкофони, Белгија и Канада.
Воедно, учениците од француските паралелки на средните државни училишта Раде Јовчевски – Корчагин и Орце Николов, како и од Францускиот институт, ќе учествуваат со рецитирање на поеми на македонскиот поет и франкофон Ацо Шопов, и францускиот поет Виктор Иго.
